Како да ja одржите врската ако сте разделени: седум идеи за виртуелна врска за време на изолацијата

popara7 април, 20201min00
vrska

Кога е неопходно, скоро сите наши потреби можеме да ги извршуваме и преку виртуелниот свет, само треба да сме креативни…

Придржувањето кон мерките за социјална дистанца не треба да значи да се откажеме од виртуелната близина со нашите сакани. Доколку во овој период сте запознале некоја личност преку интернет, а истата навистина ви се допаѓа, не очајувајте доколку не сте стигнале ниту да го договорите првиот состанок, а глобалниот карантин кој што настана поради вирусот веќе тропа на вратите на сите светски метрополи. Сè уште постои надеж! Постои начин за време на изолацијата да се одржат во живот виртуелните контакти и виртуелните врски, а воедно ви предлагаме неколку предлози како во период во кој што социјалните настани се откажани и кафичите се затворени сепак да успеете да одвоите заедничко време со вашиот сакан/на…

1. Прошетајте низ блискиот парк или маалото и имајте телефонски разговор со вашата љубов

Да, ова навистина ќе направи одлично да се чувствувате. Лесна заедничка прошетка пред вечера со која само ќе се обидете малку подобро да се запознаете и да го закажете следниот заеднички состанок. Затоа, ставете ги слушалките во ушите, ставете го мобилниот телефон во џеб и прошетајте телефонски со партнерот (ако сте во самоизолација, можете да прошетате низ станот и балконот). Чувството ќе биде скоро како вистинска прошетка и разговор. Ако видите нешто интересно на патот, раскажете му го и ако шетате по станот, опишете како изгледа вашиот простор за да се почувствувба како да е тука покрај вас. Комуникацијата е многу важна, но клучно е да го задржите телефонот во џеб за да можете да се сконцветрирате на вашата комуникација и истата да биде пореална.

2. Имајте заедничка филмска вечер

Можете и во топлината на својот дом да направите одлична филмска вечер, дури и во периодот кога сите кино сали ширум светот се затворени. Отворете го вашиот пребарувач, или претплатете се на некој од филмските платформи како што се Нетфликс, Метастрим и Скенер, кои ви овозможуваат да ги гледате најновите филмски изданија преку интернет. Тоа е одличен начин да го поминете времето со вашата подобра половина (или идна подобра половина), особено ако го делите истиот вкус кога станува збор за филмови и серии.

3. Направете нешто еден за друг за време на изолацијата и снимете го на видео, а кога ќе помине сето ова, можете да го подарите во живо

Земете било што имате во вашата куќа за да направите интересен подарок за неа или за него. Бидете креативни! На пример, ако имате многу спојувалки, направете од нив ѓердан или алка. Пронајдовте заборавени игли за плетење? Направете шал. Можете исто така да направите колаж од вашите фотографии или перница од некоја стара маица со смешна слика или натпис. Тој подарок еден ден ќе ви биде најдобро сеќавање за овие чудни времиња што ни се случија.

4. „Одете“ заедно на пијалок преку видео разговор

Земете го омилениот пијалок од фрижидерот, пуштете малку релаксирачка музика и прашајте ја личноста што ја сакате како го поминала денот. Сето ова можете да го направите со видео разговор. Тоа ќе биде исто како сте седнале на пијалок после работа. Да се напиете пијалок или кафе на видео разговор може да биде навистина релаксирачки и забавен начин да се запознаете подобро или да научите нешто повеќе за вас. Овие вонредни околности секогаш привлекуваат некои скриени страни од луѓето.

5. Запишете се заедно на бесплатен онлајн курс

Да присуствувате на бесплатен онлајн курс за време на изолацијата е одличен начин да го потрошите времето и да научите нешто ново. Кога сето ова ќе заврши, и двајцата ќе излезете со ново знаење или вештина, а ќе имате и неколку нови теми за кои ќе разговарате додека го учите курсот.

6. Згответе нешто заедно

Изберете рецепт од вашата омилена кулинарска страница и направете го. Тоа е како да им приготвувате вечера во вашиот или нејзиниот стан, само сега ќе биде во „пандемски стил“. Готвењето може да биде многу забавно и ова е одлична можност да видите како секој се справува со себе во кујната. Тоа што го подготвивте можете да го јадете заедно на видео разговор.

7. Играјте онлајн игри заедно

Играњето друштвени игри е баш достапно овој период. Може да играте некои популарни онлајн игри заедно. Доколку имате меѓусебни пријатели или сакате да ги запознаете пријателите на вашата сакана личност, може да организирате да играте заедно Хеадс Ап преку платформата Зум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag