Порасна продажбата за секс-играчки и долна облека, но дали ќе дојде и до бејби бум?

popara6 април, 20201min00
бејби бум 1

Без оглед на сите мерки за претпазливост, како и мерките за социјално растојание, продажбата во секс-индустријата се зголемува за време на тековната состојба. Според Wired, Лело, шведски производител на секс-играчки, вели дека има раст на продажбата дури 40%, а продавачите на долна облека и секс играчки велат дека имаат раст од 27% во однос на овој период минатата година. Продажбата на кондоми се удвои за само една недела. UK Meds, виртуелна аптека во Нотингем, изјави за наглата побарувачка за Вијагра од 23%, како и поголема побарувачка за други таблети.

Истражувачите од Институтот Кинси кои се занимаваат со сексуалност и репродукција велат дека паровите, додека не работат, сè повеќе имаат секс, а сексот прави хормонални промени во телото кои се особено добредојдени во овие периоди на криза. Имено, ослободува допамин, што создава чувство на задоволство и среќа. Нивото на тестостерон се зголемува и кај мажите и кај жените, со што се ослободува либидото, па затоа желбата за секс е уште поголема. Wired пишува дека веб-страниците на кои луѓето бараат вонбрачна афера бележат пораст од 15% во однос на ова време минатата година. Истражувањето на ваквите веб-страници открило дека 54% од мажите започнале ваква афера во последните четири недели, а кај дури 74% од испитаниците како причина е наведена досадата. Во Велика Британија, Тиндер забележа пораст во комуникацијата дневно од 12%, при што разговорите траеле 8% подолго во март отколку во февруари. Во Италија, каде мерките траат подолго, разговорите траат дури 29% подолго отколку пред еден месец.

Експертите велат дека во минатото, ваквото заклучување би значело и зголемување на наталитетот, па прашање е дали ќе има бејби бум на крајот на годината предизвикано од коронавирусот. Сепак, Дејвид Рихер, професор од Универзитетот Комплетенс во Мадрид, е многу скептичен.

Тој ги проучувал ефектите на годишните времиња врз стапката на наталитет, како и ефектите од оригиналниот бејби бум, и смета дека е амбициозно да се тврди дека ќе има голем бејби бум – Единствените луѓе кои ќе имаат секс се оние кои се во долга врска и кои се изолирани со партнерите, така што вкупниот број сексуални односи всушност ќе падне. Што се однесува до зголемената продажба на секс играчки,голема е веројатноста луѓето да ги купуваат исклучиво за себе, тврди Рехер. Како што продолжува кризата со пандемијата на коронавирусот, може да се појават нови проблеми поврзани со сексуалните односи. Карекс, најголемиот светски производител на кондоми, неодамна мораше да ги затвори своите три фабрики во Малезија за 10 дена, чекајќи одобрение од владата да продолжи да работи како дел од неопходно  производство. Дури и кога добија дозвола за работа, тие можеа да продолжат само со половина работници.

 – Постојат многу начини на контрацепција во развиениот свет, така што може да нема промена во наталитетот, но во земјите во развој може да има проблеми предизвикани од недостаток на кондоми, велат од Карекс, додавајќи дека, за сега, фабриката во Тајланд може да остане во чекор со побарувачка и се надеваат дека тоа така и ќе остане. Како заклучок, експертите велат дека дури и да нема бејби бум, ќе има промена во односот, т.е. зголемен број на бракови, како и разводи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag