Актерот Вил Смит започна свое шоу кое го снима во својата гаража и се емитува на Снепчет. Емисијата се вика „Вил фром хоум“ со која ја забавува јавноста за време на пандемијата на корона вирусот.
Емисијата ќе се состои од 12 епизоди и во неа ќе разговара со своето семејство, специјални познати личности како што се Тајр Банкс, како и со другите „обични“ луѓе кои можат да раскажат интересни приказни.
Вил чувствува дека има многу креативна енергија што планира да ја искористи на поинаков начин.
За време на пандемијата на корона вирусот, платформата Дискавер на Снепчет редовно објавува новости и е подготвена да додаде позабавна содржина.
Емисијата „Вил од дома“ започна во петокот на 3 април, а епизодите ќе се емитуваат во понеделник, среда и петок.