Тибетски утрински систем за гимнастика- 3 минути, без станување од кревет,ефектот трае цел ден!

popara7 април, 20202min00
тибет

На Тибет постои неверојатен систем за утринска гимнастика DO-IN, која се прави без да се стане од кревет и трае само 3 минути.

Тајната на оваа метода е опишана во книгата “Тајна на древниот Тибет” од Софија Стурчак, специјалистка во областа на традиционалната источна култура.

Според кажувањата на авторката, оваа метода го променила животот на многумина. Потребни се само 3 минути да се доведете во активна состојба и да си обезбедите добро расположение за цел ден.

Комплетната гимнастика DO-IN содржи вкупно 25 вежби, но за нажиот животен ритам 25 вежби звучат премногу. Така, се препорачува миникомплекс кој содржи 5 основни вежби.

Препорачливо е вежбите да се прават откако ќе се разбудите, во кревет. Исто така можете да ги правите во било кој момент кога ќе почувствувате потреба.

Сите овие вежби ги активираат важните точки на нашиот организам кои се одговорни за дневната виталност и енергија. Секој кој сака може да ја совлада оваа метода. Важно е да не се биде мрзелив, бидејќи со само 3 минути и 5 вежби можеме да добиеме фантастични резултати.

Вежба 1.

Темелно истријте ги ушите со палецот и показалецот, а потоа со дланките. Вкупно 10-20 триења со прстите и 10-20 триења со дланките.

Вежба 2.

Галете ја главата со отворена дланка и со десната и со левата рака, почнувајќи од челото кон тилот 10-15 пати.

Вежба 3.

Направете го движењето “миење на лице со отворени дланки”. Движете ги рацете горе-долу, опфаќајќи ги образите и слепоочниците 15-20 пати.

Вежба 4.

Седнете, преплетете ги прстите од двете раце и ставете ги на тилот. Обидувајте се да ја навалувате главата наназад, совладувајќи го отпорот на рацете. Правете го ова 10-20 пати со средно темпо.

Вежба 5

Седејќи, навалете се благо нанапред и со испакнатите делови на дланките тријте го лумбалниот дел на крбот со движења горе-долу. Десната и левата рака движете ги во спротивен правец . Почнете од ‘рбетот, со движење кон страничните делови. Направете 20-30 движења со благ притисок.

И тоа е се!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag