Не постои генерација која не се сеќава на легендарните филмови во кои актерот, режисерот и продуцент од Хонг Конг, Џеки Чен ги покажа завидните акробатски вештини. Таков е во сите филмови што ги снимал. Во неговите филмови, овој мајстор за боречки вештини е секогаш енергичен и се бори со акробатски стил.
Џеки, кој денес го слави својот 66ти роденден, од мал бил опкружен со акробатски вештини. Неговиот татко бил готвач, а неговата мајка слугинка во американската амбасада во Австралија. Чен не можел да биде со нив во Канбера, па затоа десет години останал во интернат во Цим Ша Цуи. Таму научил сè што е потребно за улогите што подоцна ги остварил. Тој совладал тркалање, паѓање и други акробатски вештини.
„Направивме сè и сешто, но обуката честопати беше многу заморна, понекогаш траеше од пет наутро до полноќ“, кажа Џеки.
Тој стана човек кој преживеал безброј гребнатини и модринки, неколку потреси на мозокот и куп скршеници. Сем еднаш изјави дека Џеки го скршил носот три пати, вилицата, вратот, ребрата, рацете, колената, черепот, глуждот, прстите…
Во една пригода, актерот се присети на снимањето на филмот „Божји оклоп“ во Загреб во 1986 година. За време на една акција, тој падна од дрво и ја удри главата од подот.
– „Имав среќа затоа што знам да паднам како што треба. Но, се удрив, ми протече крв од ушето и имав дупка во главата“, раскажа Чен.
Во своите филмови, освен акробации, Џеки прави и други неверојатни работи – одење по топли јаглени, јадење чили пиперки, пиење индустриски алкохол. Тој постојано се потсмева дека е „вистинско опасно момче“ затоа што сè во филмовите работи сам, на пример, Арнолд Шварценегер (72) и Силвестер Сталоне (73) користат каскадери.