Судејќи според интернет пребарувачите, во ера на изолација и карантин, голем број луѓе копнеат по секс. Луѓето постојано твитаат дека се запалени, побарувачката на порно филмови е како никогаш досега, се праќаат ласцивни пораки до бившите, како да ќе нема утре. Целата оваа возбуденост околу сексот можеби ве натера да се прашате во што е поентата. Дали на луѓето им е само многу здодевно, или големиот скок на хормоните има некаква врска со опасноста со која се соочуваме. На прашањето од каде ваква возбуда во овие тешки времиња, д-р Џастин Лемилер, психолог во институтот „Кинси“, одговара дека има неколку фактори што довеле до тоа.
На прво место е фактот дека многу луѓе се дома по цел ден и имаат повеќе време од вообичаеното , а се лишени од секојдневните општествени активности. Училиштата не работат, се работи со скратено време и од дома, сите социјални настани се откажани и сите места за излегување се затворени. Таа незгодна комбинација на вишок слободно време и недостаток на можност за дружење е причината зошто толку многу луѓе се досадуваат деновиве и зошто одеднаш размислуваат повеќе за секс од кога било досега: не се исцрпени и под стрес по целиот ден на работа, туку се свежи и подготвени за акција. а нема каде да одат.
Сексот како одбранбен механизам
Друг фактор, според д-р Лемилер, е дека многумина почнуваат да чувствуваат страв од болест и смрт и дури и ако не мислат дека коронавирусот ќе ги убие, одеднаш смртта станува постојано присутна во мислите. Причината е што вниманието на медиумите е насочено кон коронавирусот а тој е пропратен и со смртни исходи, па така смртта стана секојдневна тема. Психолозите одамна откриле дека стравот од смрт може да ја разбуди сексуалната желба и да поттикне сексуално нагласени однесувања, што се толкува како еден вид на одбранбен механизам за оттргнување на умот од ваквите црни мисли. На пример, некои истражувања покажаа дека кога луѓето се принудени да размислуваат за сопствената смрт, покажуваат поголем интерес за случаен секс. Знаеме дека сексот е активност која не прави „живи“, па затоа не треба да изненадува што пандемијата која ги затвори луѓето дома предизвикува интерес за активности што ни даваат токму такво моќно чувство дека сме живи.
Чувство на заканувачки крај
Честопати, во разговорите за коронавирусот се слуша апокалиптичен звук, како да е оваа пандемија на некој начин крај на светот, барем крај на светот и животот каков што досега сме го познавале и на каков сме навикнати. Тоа малку се претвора во фетишизација на коронавирусот и доволно е, вели Лемилер, да прошетате по порно страниците за да видите дека кога ќе впишете „коронавирус порно“, се отвораат стотици секакви страници. За оние што ги интересира, тоа се филмови во кои има многу ракавици, маски, па дури и заштитна облека која личи на онаа што ја носи медицинскиот персонал во близок контакт со заразените.
– Како социјален психолог, ова воопшто не ме изненадува затоа што знаеме дека термините што се пребараат на порнографските страници секогаш ја отсликуваат тековната културолошка состојба, без разлика дали се летовања, годишни одмори, популарни видео игри, познати личности кои се во фокусот на вниманието на јавноста и слично. Човечките суштества се бесконечно креативни кога станува збор за сексот и имаат способност да фетишизираат практично сè – објаснува Лемилер.
Од чувство на страв до оргазам има малку
Стравот и другите силни емоции дефинитивно имаат потенцијал да нè направат посладострасни отколку што сме вообичаено. Кога сме во состојба на зголемено психолошко возбудување – кога се забрзани пулсот и дишењето и се крева притисокот – научниците откриле дека тоа може да ги зголеми сексуалното возбудување и страста. Овој механизам има и стручно име „пренесување на возбуди“, што е исто така и причината зошто луѓето честопати велат дека сексот за помирување е најдобриот секс. Силните емоции што се чувствуваат по голема расправија, потоа се пренесуваат во секс и ја зголемуваат сексуалната возбуда, како и чувството на задоволство.
Што е со оние кои сакаат секс без страв од зараза?
Секогаш има такви кои се чувствуваат непобедливи и кои не се грижат за оваа болест и според тоа, не разбираат зошто тоа треба да ги спречи да уживаат во животот. Лемилер смета дека ова е разбирливо до одредена мерка затоа што е докажано дека одредени групи се изложени на поголем ризик од останатото население, но предупредува дека оние кои се чувствуваат храбро треба да сфатат дека дури и ако се разболат и ја поминат болеста без некои поголеми последици, можат да ја пренесат болеста на други кои можат да умрат од тоа. Ова е причината зошто мерката на социјално дистанцирање е толку важна во овој случај. Сите треба да имаме предвид дека оваа мерка нема да биде засекогаш, и овој факт треба да создаде олеснување и да овозможи одредена доза на трпеливост и разум, дури и ако сме обземени од преголема возбуда. Не знаеме колку долго ќе трае оваа состојба, но порано или подоцна животот ќе се врати во нормала а нашето моментално воздржување од одредени потреби може да спаси нечиј живот. Значи, задоволете ја вашата сексуална потреба со партнерот со кој живеете во истиот простор, виртуелно, или стрпете се и почекајте додека сексот веќе не претставува опасност, не само за вас, туку и за лицето со кое би имале секс.
Како да ја потиснете апокалиптичката потреба во самоизолација
Не постои универзален начин за било што кога се работи за секс. Се зависи од вас. За некои, можеби ќе биде доволно решение да мастурбираат почесто, за други решение ќе биде воведување на малку повеќе технологија во нивниот сексуален живот – од повеќе секстинг, сајбер секс и телефонски секс, па сè до испробување нови секс играчки. Постојат различни начини за интеракција со некого додека ја почитувате мерката за социјална дистанца.
Што е со партнерите?
Оние кои се во изолација со партнерот може да имаат поинаков проблем кога станува збор за сексот. Поминување на целиот ден заедно со сигурност нуди повеќе можности за секс, но и повеќе можности да си одите на нерви едни на други и да се расправате. Затоа е многу важно паровите да најдат начин да го намалат нивото на стрес создаден од сегашната ситуација и да не дозволат тоа да влијае на нивниот сексуален живот. Тие треба да го пронајдат вистинскиот баланс помеѓу времето што го поминуваат заедно правејќи нешто заеднички и времето за себе што секој ќе го има, иако се во истиот простор. Одредете го времето што си го посветувате едни на други и избегнувајте да разговарате за болеста и смртта и за последиците од пандемијата. На пример, закажете си ноќен состанок во вашиот дом. Направете нешто убаво за партнерот, пружете му вкусна вечера, топла бања или масажа. Опуштете се онака како што сакате во моментот, може да биде гледање заедно филм, играње игра, а може да биде и секс. Одберете го она за што сте и двајцата расположени. А може да биде и комбинација од предложените работи.