Британската актерка Хонор Блекман, најпозната по улогата како девојката на Бонд, Пуси Галоре, почина на 94 годишна возраст, објави нејзиното семејство во понеделникот. Блекмен починала од природна смрт во нејзиниот дом во Сасекс, на југот на Англија, се вели во изјавата на семејството за весникот Гардијан.
„Покрај тоа што беше посветена мајка и баба, Хонор беше актерка со исклучително продуктивни и креативни таленти; со исклучителна комбинација на убавина, ум и физички вештини, заедно со нејзиниот единствен глас и посветена етика во работата“, се наведува во соопштението.
„Таа го постигна статусот на икона во светот на филмот и забавата со апсолутна посветеност на нејзиниот занает и целосен професионализам“, стои во изјавата, истакнувајќи дека таа придонела многу за некои од одличните филмски и театарски продукции од нашето време.
Блекмен во 1964 година ја играше Пуси Галоре во филмот Џејмс Бонд „Голдфингер“, како и Кети Гејл во телевизиската серија „Одмаздниците“ од 1961 година.