Деновиве, имаме тенденција да се нурнеме во фрижидерот секој пат кога не знаеме каде да одиме и што да правиме. Постои причина зошто се нарекува comfort food, но ќе биде тешко да ја извршиме својата утешна функција ако чувствуваме грижа на совест секој пат кога ќе се предадеме на прехрамбените страсти. Затоа, за да ни помогнат, тука се неколку блогерки и Инста ѕвезди, кои знаат како да направат спој од вкусно и нискокалорично, и патем, малку ќе ги активирате рацете и ќе ви ги оттргнат мислите.
@olive.eeeats
Olive има сè што ви треба за да ги преживеете овие денови: одлични рецепти, неисцрпен позитивен став и фантастични маникири! Дозволете си безглутенска чоколадна торта, млечни производи и рафинирани шеќери:
Kendall од рестриктивни диети премина на повеќе интуитивни пристапи кон исхраната и фитнесот, автор е на книгата I Can Eat That? и својата мудрост ја споделува со блогерскиот светот и на Инстаграм. Дали сте заинтересирани за мафини од морков и свежо сирење? Ајде 🙂
A post shared by Shuang Shuang (@shuangys_kitchensink) on
@erinliveswhole
Erin се опорави од нарушување во исхраната и нездрава опсесија со диети, а во тој процес пронајде нова љубов за умствен пристап кон телото и исхраната. Ако навистина не сте во одлични односи со вашиот шпорет, пробајте го овој рецепт за колачиња од сурова овесна каша:
Рецептите на Mary Papadimos се идеални ако ви е тешко да пронајдете време за кулинарски експерименти и барате инспирација за нешто ново и супер! Минатата година Мери отвори и компанија за веганската козметика Beets & Blush, но за почеток, што велите за барови од ореви и цимет?