Милано, епицентарот на пандемијата на коронавирус ќе го одбележи Велигден со специјален концертен настап на Андреа Бочели.
На барање на градот, познатиот оперски пеач ќе изведе соло настап во историската катедрала Дуомо на 12 Април. Бидејќи нема да биде отворен за публика поради карантинот ширум целата земја, настанот наречен “Music for hope” ќе биде пренесен во живо глобално за да ја пренесе пораката: “љубов, здравје и надеж за Италија и за светот”.
Бочели ќе биде придружуван од катедралскиот органист Емануел Вианели кој ќе свири на една од најголемите органи. Велигденскиот неделен концерт ќе содржи внимателно одбрани парчиња, специјално аранжирани за соло изведба и органа за оваа прилика.
“Верувам во силата од заедничката молитва, верувам во христијанскиот Велигден, универзален симбол за повторното раѓање, без разлика дали има верници или не, во моментов верба ни е потребна”, изјавил 61 годишниот Бочели на пресот. “Благодарение на музиката, преносот во живо, милионските аплаузи насекаде низ светот, ќе го прегрнеме ранетото срце на Земјата ”
Во неговата изјава, градоначалникот на Милано, Ѓузепе Сала изјавил: ”Среќен сум што Андреа ја прифати нашата покана. Оваа година Велигден ќе биде различен за сите нас. Големата радост која обично доаѓа на овој ден е загрозена поради пандемијата со која се соочуваме. Сигурен сум дека извонредниот глас на Бочели ќе биде прегратката која на сите ни недостасува овие денови, силна, посебна прегратка, способна да го стопли срцето на Милано, Италија и светот.”
Велигденскиот музички концерт со Бочели ќе биде пренесуван во живо оваа недела во 13 часот на Youtube каналот на музичката легенда. Со овој концерт Бочели учествува во специјалниот ТВ проект One World:Together at home, фонд за борба со коронавирусот воден од Лејди Гага, а во кој ќе учествуваат Пол МекКартни, Еди Ведер, Лицо и др и ќе се емитува на каналите NBC, ABC, CBC на 18 Април.