Најџел Џон Тејлор, англиски музичар и басист во бендот Дуран Дуран, на официјалната фејсбук страна на бендот изјави дека кај него бил потврден корона вирусот и дека ги следел сите препорачани медицински препораки.
„Можеби сум прилично стабилен за 59-годишник, барем така сакам да размислувам за себе. Имав среќа што имам поблага форма на корона вирусот. После една недела од нешто што наликуваше на турбо-интензивен грип, почнав да се опоравувам и сега конечно се чувствувам добро“, напиша Тејлор.
– Оваа пандемија создаде огромен страв, што за жал, донекаде е оправдан. Моето срце е со сите кои мораа да се справат со вистинска загуба и болка, но во исто време, сакам да ви кажам дека Ковид-19 не е секогаш убиец. Можеме да го победиме и ќе го сториме тоа – рече басистот на популарниот бенд, додавајќи дека едвај чека да се врати на сцената и повторно да ги види фановите.