Пет начини како да го подигнете имунитетот кај децата

popara8 април, 20201min00
aromatherapy treatment with herbal flowers

Со ситуацијата со КОВИД-19 постојано се прашуваме како да ги заштитиме децата од него. Секако, миењето раце и социјалното дистанцирање се најважни, но кога станува збор за здравјето на децата, превенцијата и појачувањето на одбранбениот механизам се задолжителни.

Еве 5 начини како да го подобрите имунитетот на вашите деца за да бидат здрави во текот на целата година

Есенцијални масла

Есенцијалните масла се неверојатни за природна заштита од болести. За време на сезоната на настинки и респираторни болести, тие можат да ви помогнат за да ја подобрите состојбата кај децата. Се препорачуваат маслата од оригано и чајно дрво.

Масло од црн дроб

Маслото од црн дроб е одличен начин да се спречи болеста благодарение на елементите за подобар имунитет. Маслото од црн дроб во својот состав содржи и витамин Д, витамин А, Омега 3 масни киселини, што го прави одличен суплемент за деца. За да можат децата полесно да го конзумираат, препорачливо е да се меша во сок од портокал.

Сребрена вода

Среброто се користело со децении како превенција од болести, благодарение на своите антимикробни својства. Неодамнешните студии откриваат дека е ефикасно против аеробните, како и против анаеробните микроорганизми и затоа е моќен имуностимулатор.

Важно е да се одбере вистинската сребрена вода и никогаш да не се користи повеќе од 14 дена. Можете да го користите и за рани и исеченици, или да ставите неколку капки под јазик или во сок.

Пробиотици

Пробиотиците се “добри бактерии” кои го одржуваат дигестивниот систем и го подобруваат имунитетот.

Комбуха, јогурт, ферментиран џем, ферментиран кечап се добри извори на пробиотици.

Детокс бањи

Детокс бањите со минерали се добри за подигнување на имунитетот на начин што се елиминираат непотребните бактерии. Сол, сода за готвење и есенцијални масла се клучните состојки, но исто така можете да користите и бетонитна глина и билни чаеви.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag