Неверството е една од работите што целосно ќе ја уништи врската. Сепак, покрај неверството има и неколку други проблеми што ја нарушуваат љубовната хармонија исто како неверството.
1. Лажење и криење работи од партнерот
Дури и ако го лажете партнерот за да ги заштитите неговите чувства, криењето на проблемот може да резултира во губење на довербата. Ако криете некои детали затоа што мислите дека може да го повредат, веројатно треба да престанете со ваквото однесување. Експертите советуваат да градиме односи во кои можеме да и кажеме сè на другата страна.
2. Кратење на нежност и внимание
Недостатокот на нежности ќе создаде сомнеж кај друга страна дека нешто не е во ред. Со текот на времето ова сомневање ќе се претвори во голем проблем кој, исто како и лажењето, доведува до недоверба.
3. Тивка огорченост
Криењето на вистинските чувства од партнерот не е добро за врската. Колку подолго го задржувате своето незадоволство во себе, толку се поголеми шансите тоа да биде причина за распаѓањето на врската.
4. Одбивање компромис
Силен став за одредена тема може да биде знак за јак и одлучувачки карактер, но проблемот се јавува кога едниот партнер одбива да ги слушне аргументите и желбите на другата страна и одбива да се согласи на компромис. Поединците кои ги прават работите чисто „на свој начин“ и не се подготвени за компромис всушност се во врска со самите себе.
5. Гласно викање
Нема место за зголемен тон во добрата врска, се согласуваат експертите. Таквото однесување на едната страна покажува дека индивидуата има за цел да биде во помоќна позиција, што во никој случај не е знак за здрава врска. Ова однесување не само што ја уништува довербата на другата страна, туку и открива чувство на помала вредност кај лицето што го користи повисокиот тон.
6. Задржување на врската поради погрешни причини
Сакате да прекинете, но не се осмелувате да го сторите тоа заради тоа што ќе кажат другите? Дали плативте за заедничко патување и не сакате да го пропуштите иако вашата врска повеќе не е она што била? Без разлика кое сценарио е најблиску до вас, да останете во врска што не е соодветна за вас не е фер ниту за вас ниту за вашиот партнер.