Еден пар панди од зоолошка градина во Хонг Конг конечно доби можност да помине време на само откако зоолошката се затвори поради пандемијата од коронавирус.
Вработените во зоолошката градина во Хонг Конг 10 години неуспешно се обидувале да ги спарат 14-годишните панди Јинг Јинг и Ли Ли.
Откако зоолошката е затворена од крајот на јануари заради пандемијата со КОВИД-19, вработените забележале промени во однесувањето на животните.
“Од крајот на март Јинг Јинг почна да поминува повеќе време играјќи си во водата, додела Ли Ли почна да бележи територија со оставање миризливи траги околу неговото живеалиште и да трага по мирисот на Јинг Јинг”, изјавуваат вработените од зоолошката.
Следејќи ја оваа предигра, зоолошката гордо објавила дека двете панди успеале природно да се спарат во понеделникот. “Успешното природно парење денес е навистина возбудлива вест за нас, бидејќи шансите за бременост со природно парење се поголеми отколку шансите за бременост со вештачка инсеминација” изјавиле од зоолошката и дале ветување дека редовно ќе известуваат за тековната ситуација.