Марша Ел е моделка и пејачка која овие денови стана вистинска инспирација. Американскиот Плејбој ја одбра за Плејмејт за месец април, а нејзините фотографии предизвикаа бурни реакции во целиот свет. Марша е родена со ретко пореметување на недостаток на бутна коска, поради што и е ампутирана целата нога.
Животот воопшто не и бил лесен, но таа успеала да се избори. Се занимава со музика и вели дека Бог и го спасил животот преку музиката.
На Инстаграм има повеќе од 50 илјади следбеници, а таа без срам покажува како изгледа и на сите им порачува да се сакаат себеси.