Оваа диета го добила името по тоа што секој ден се јаде истата храна. Трае само три дена. Секој ден се јадат истите оброци и потребно е да пиете што повеќе вода. Дневно се внесуваат околу 1000 калории.
Мени:
Појадок: Јогурт во кој ќе ставите две лажици овесни снегулки. Едно парче интегрален или црн леб на кое можете да намачкате или лажица мед или лажица мармалад.
Ручек: 60 гр тестенини или салата зачинета со маслиново масло, или пак било кој зеленчук зачинет по желба, 80 гр туна или 80 гр од друга бела риба.
Ужина: За ужина земате овошје. Дозволено е секое, освен сувото овошје.
Вечера: Супа од зеленчук, 2 тврдо варени јајца или 170 гр свежо или посно сирење, зеленчук и овошје по избор.