Коронавирусот се шири по пат на капки, откако заразено лице ќе кивне или ќе се накашла. А оваа 3Д анимација која ја направиле фински научници покажува на кој начин патува “облакот” со коронавирус во еден супермаркет.
Научниците креирале компјутерска симулација за да откријат колку далеку може да стигне вирусот во затворена просторија. Резултатите до кои дошле се загрижувачки- заразените капки можеле да заразат здрави лица и откако инфицираното лице ќе се помрдне од местото на кое кивнало или кашлало.
Научниците велат дека најдобар начин да избегнете зараза е ако не одите на јавни места кадешто има многу луѓе.
– Доколку одите на места кадешто има многу луѓе, задржете се најкратко што можете- советува професорот Вил Вуринен од универзитетот Алто во Финска