Феноменален рецепт за волшебната напивка што ви треба во овој период!
Коренот од ѓумбир е богат со важни витамини и минерали и содржи специјални фитонутриенти, ѓумбили кои имаат силни антиинфламаторни својства и го стимулираат протокот на крв и варењето на храната.
Покрај голема количина на витамин Ц, тој содржи магнезиум, калциум, железо, фосфор, калиум и натриум.
Од друга страна, куркумата дури има и антиканцерогена активност.
Затоа, постојат многу причини да се направи оваа напивка.
Состојки:
• свеж ѓумбир (околу 4 см)
• свеж куркума (околу 4 см)
• 1 лимон
• 1 голем прстофат бибер (за да има ефект куркумата)
• Свеж сок од портокал по желба
Подготовка:
Излупете ѓумбир со лажица, но можете да користите и нож.
Следно, излупете ја куркумата. Но, ставете си ракавици затоа што овој жолт корен mоже да ви ги обои прстите.
Измелете ја куркумата и ѓумбирот.
Исцедете го сокот од лимон, а потоа додадете ги ѓумбирот и куркумата.
Додадете го биберот во вашиот здрав пијалок.
Ако вашиот пијалок е премногу кисел, можете да додадете малку сок од портокал или мед.