POLESTAR е концепт од кој ќе произлезат идните модели.
Уште една убавина што требаше да ја запознаеме во Женева има виртуелна премиера. И додека Polestar 2 штотуку започна со производство, Precept е само најавување на идните модели, но и демонстрација на современите технологии кои им се достапни на кинеско-шведскиот тандем.
Еве една важна вест. Polestar 1 и Polestar 2 се дизајнирани од Волво, додека ова е првиот производ што го направиле во Polestar. „Ова ја покажува нашата иднина. Тоа не е некој ексклузивен сон или нешто од научно-фантастичен филм. Реалноста допрва доаѓа“, рече Томас Ингенлат.
Тука Polestar претставува достигнувања во три области: одржливост, дигитална технологија и се разбира дизајн. Приказната за одржливост најдобро ја опишува ентериерот, изработен скоро целосно од рециклирани материјали. Така, тапацирот беше создаден со рециклирање на пластични шишиња. Севкупно, учеството на пластика е намалено за 80%, а отпадот за дури 50%.
А, она што возачот го очекува езбогатен систем со информации кои работи на Android, на секој сериски модел. Комбинацијата на двата екрани, дијагонала од 15 и 9 инчи, се грижи за целокупната комуникација на ситеделови од автомобилот. Исто така, специјалните сензори го следат однесувањето на сите патници, прилагодувајќи го целокупниот ентериер на возилото, вклучително и контрастот на гореспоменатите екрани.
Авангардниот Precept е монтиран на 22-инчни тркала и единствената поврзаност со Волво се фаровите. Системот за отворање на влезната врата го олеснува влегувањето и излегувањете, а LED маркерите на држачот C го сигнализираат полнењето на батеријата.