Кога најрано може да се открие полот на детето?

popara10 април, 20201min00
bremena

Во денешно време, уште во 11тата недела може да се открие полот на детето, со точност од 95-99 проценти. Главните причини за откривање на полот најчесто се љубопитните родители, а во ретки случаи полот треба да се открие рано заради медицински причини, генетски болести кои се најчесто врзани за машкиот пол (хемофилија, невромускулни болести…) Благодарение на развојот на технологијата и напредокот на ултразвучната технологија, можеме уште во многу рана фаза да ги видиме деталите од развојот на детето.

Агол на полова точка

Најточна метода која се користи за одредување на полот на бебето е аголот на половата точка,која на ултразвук може да се види уште во единаесеттата недела од бременоста. Самиот полов орган се уште не може да се види, туку половата точка (генитална туберкула), која е предвесник на развојот на пенис или клиторис. Докажано е дека нејзиниот изглед е идентичен во развој на машкиот и женскиот пол, но различен е аголот, т.е. насоката на точката. Така, кај машките аголот е поголем од 30 степени, насочувањето е нагоре, додека кај девојчињата аголот е помал од 30 степени а насоката е паралелна со ‘рбетот. Ова е метода која се применува во 12тата недела од бременоста.

ДНА тестирање

Во последниве неколку години полот може да се открие уште во десеттата недела од бременоста преку крвта на мајката, со напредна технологија и анализа на феталната ДНА од мајката.

Во светот, како во Канада и Холандија се достапни и одредени ДНА тестови од крвта на мајката кои се користат исклучиво за откривање на полот на бебето (без анализи за хромозомски грешки) и се достапни уште од десеттата недела.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag