Светските sвезди секојдневно објавуваат фотографии од изолацијата на социјалните мрежи. Тие се претежно жалосни, но и еден вид побарувачка за аплауз затоа што тие прават толку голема „жртва“ со седењето дома. Еве за кое ѕвезди станува збор:
Кендал Џенер
Најмладата сестра на познатата реалити ѕвезда Ким Кардашијан, Кендал е манекенка која патуваше од еден крај крај до друг крај на светот секој ден пред пандемијата. Деновиве таа е во изолација во нејзиниот луксузен дом во Лос Анџелес. Таа го поминува своето време играјќи видео игри, промовирајќи ги (и веројатно заработува пари од реклами), додека нејзиното лице има хранлива маска од авокадо.
Кајли Џенер
Нејзината сестра, Кајли, во неколку наврати изјави дека изолацијата воопшто не и е тешка, со оглед на тоа дека девет месеци се наоѓaше во куќата, криејќи се од обожавателите, за време на нејзината прва бременост.
Таа ја искористи пандемијата за лансирање на течниот, гел / сапун за миење на раце.
Гвинет Палтроу
Гвинет, во отсуство на глума, реши да ја шокира јавноста секаде кај што ке пристигне. Непосредно пред пандемијата, таа сними реклама за еден вибратор, а за време на изолацијата на неколку објавувања на социјалните мрежи, ги советуваше жените да го почнуваат карантинот без споменатиот производ. ?
Таа дури и во еден пост призна дека оваа ситуација има лош ефект врз нејзиниот сексуален живот. Во меѓувреме, може да се види како оди по своите намирници, потполно стилизирана со маска и ракавици.
Деми Мур
За Деми Мур, карантинот е семејна работа. Опкружена со децата и стари фотографии, Деми ужива во секој момент на карантинот.
Денес можевме да видиме и фотографија од Деми Мур со Брус Вилис. Двојката е облечена во исти пижами и позираат среќно и задоволно. Карантинот се чини дека добро влијае на Мур – Вилис фамилијата.
Мајли Сајрус
Откако се разведе од сопругот, Мајли никогаш не престана да наоѓа начини да ја шокира јавноста. Таа прво го стори тоа со тоа што стапи во врска со жена, а потоа веднаш стапи во врска со Коди Симсон. Таа го поминува својот карантин со него во неговиот стан, а протекоа и фотографија на кои Мајли го потшишува своето момче на социјалните мрежи.
Она што најтешко ги погоди славните е недостигот на персонал. Поточно, луѓето кои работат за нив кои во голема мерка се повлекоа во самоизолација, оставајќи ги без персонал за поддршка. Ова е причината поради која се повеќе гледаме славни ѕвезди како купуваат намирници, нешто што досега никогаш не го правеле сами.