Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли беа во живо на Инстаграм со Кендал Џенер. Се испостави дека најдобро ќе беше да не го стореа тоа.
Тема на разговорот беа негативните ефекти од пандемијата на корона вирусот, а Џастин се покажа прилично нечувствителен.
„Ние сме благословени. Еден куп луѓе се наоѓаат во тешка ситуација. Тие сега гледаат во нас а ние напорно работевме за да бидеме таму каде што сме денес. Не можеме да се чувствуваме лошо затоа што имаме некои работи, но важно е да прифатиме дека има луѓе кои сега се борат“, кажа тој.
Кендал потврди: „Да, размислувам за тоа цело време“.
Очекувано, реакциите на социјалните мрежи не беа онакви какви што тие очекуваа. Дел од коментарите беа:
„Тие нè прифаќаат, јас сум им многу благодарен. Одеднаш, моите долгови исчезнуваат и веќе не сум невработен“.
„Кендал молчеше кога Џастин рече дека напорно работеле за да стигнат таму каде што биле, затоа што знаела дека не е така, дека таа е родена во познато и богато семејство“.
„Сигурен сум дека невработените го ценат она што Бибер мисли за нивната сиромаштија“.