Светлана Цеца Ражнатовиќ, која е во вила во Дедиње, деновите ги поминува во изолација, постејќи како за секој голем пост, така и за Велигден.
Цеца откри на социјалната мрежа Инстаграм што јаде за време на постот. Нејзината чинија содржеше пита со печурки, како и многу здрав пијалок – свежо исцеден сок од домати.
Потсетуваме, од првиот ден по воведувањето вонредна состојба во Србија поради пандемија на корона вирусот, децата на Цеца се разделија од пејачката. Велко и неговата бремена сопруга го напуштија Белград и отидоа во Тител, додека Анастасија во Нови Сад со своето момче. Сепак, Светлана не е сама во вилата, таму е и сестра и Лидија, како и нејзините деца и нејзиниот сопруг.