Дали се преносители?! Комарците можат да нe заразат со сериозни болести, но дали корона вирусот е една од нив?

popara13 април, 20201min00
naslovna

Најголем непријател на луѓето во текот на летото се комарците, инсектите за кои се знае дека се преносители на вирусот Западен Нил, инфекција со вирусот Зика, треска Чикунгуња и разни други заразни болести од кои можат да се заразат луѓето.

Дали ова важи и за корона вирус?

Како што доаѓаа потоплите денови и многумина поминуваа повеќе време во дворот и на нивните тераси, многумина се прашуваа дали болеста Ковид-19 може да се пренесе со каснување од комарец.

Специјалист за инфективни болести Мери Шмит се осврна на студија која открила дека ако комарец се храни со крвта на лице заразено со Корона, присуството на вирусот во инсектот може да се открие уште во првиот ден. Сепак, за ова да стане закана за луѓето, треба да се случат серија специфични настани.

– За ова да се случи во реалниот живот, комарците треба да се заразат со вирусот за време на хранењето. Вирусот потоа се размножува во ткивото на цревата, се шири на секундарни места, вклучувајќи плунковни жлезди и на крајот се ослободува во секрети (плунка). Така да може да се инјектира во кожата на една личност за време на хранењето – објасни таа.

Шмит посочува дека комарците треба да продолжат да се следат. Американското здружение за комарци (АМКА) исто така објави дека ќе продолжи да ја следи состојбата заедно со службениците за јавно здравје.

На почетокот на март, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека нема информации или докази што укажуваат дека „Ковид-19“ може да се пренесе преку комарци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag