Добро познатата докторка Елена Малишева од Русија изјави дека загревањето на храната во микробранова печка „убива секаков присутен вирус“, дури и ако готвачот кашлал или кивнал додека ја подготвувал храната.
Малишева објасни на Инстаграм дали заразениот готвач може да пренесе вирус на клиент преку храната што ја подготвувал.
Имено, според Паула Кенон, професор по молекуларна биологија и имунологија во Лос Анџелес, потрошувачите не треба да се плашат да купат готова храна, бидејќи готвачите од ресторани се придржуваат кон строгите правила за хигиена за да избегнат болести предизвикани од храна.
Покрај тоа, Малишева советуваше дека зготвената храна од садот во која е купена треба да се загрева во микробранова печка, да се мијат рацете и потоа да се јаде. Затоа се препорачува да земете готова замрзната храна, за која што е потребно затоплување.
Претходно, Малишева изјави дека околу 80 проценти од луѓето се со лесни или скоро без никакви симптоми на коронавирус.