Главни beauty трендови за лето 2020!

popara13 април, 20201min00
glavni_beauty_trendovi_za_leto

За време на високите температури, играме со различни бои кога станува збор за шминка. Преовладуваат ведри нијанси и невообичаени техники, и што е најважно, главните трендови ќе бидат лесни текстури, кои нема да ве мачат за време на жешките денови.

Додека некој само го обожува летото, некои не можат да ги издржат високи температури, но едно е сигурно: апсолутно секој ја сака летната шминка. Секогаш е весела, свежа и сјајна, а бидејќи ќе имаме и тен, потребна ни е минимална шминка за да изгледаме одлично! Погледнете ги главните трендови за убавина за да откриете што е во мода за претстојното лето.

Светли розови усни
Одложи го црвениот кармин до есен! Лето бара светло розов кармин, како боја на лубеница. Најпрво ставете пудра за да ја продолжите неговата трајност. И не плашете се да додадете розови нијанси на очните капаци и образите.

Тенка линија на eyeliner
Сè што ви треба е eyeliner со мека и мала четка. Се препорачува да го нанесете производот спрема слепочницата за да постигнете ефект како вистинска мачка 🙂

Волумен на веѓите
Посебен тренд коj оживеа неодамна, и така ќе биде и ова лето. Радоста на жените лежи во фактот дека нема да им треба молив или сенка за веѓите. Сè што треба да направите е да ги четкате веѓите нагоре и да ги поправите со чист гел.

Розово руменило
Ако природата ви дала природно руменило – радувајте се! Ова е еден од летните трендови. Ако не, тогаш со добра четка и руменило во розева боја ќе биде решението.

Ефект на влажна кожа
Влажната кожа не е нов тренд, а многумина веќе го обожуваат. Ова може да го постигнете со помош на сјаен прајмер и се разбира на крај хајлајтер. Ако вашата кожа е склона кон маснотии и се грижите дека овој тренд не е за вас, обидете се со сув хајлајтер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag