Постојат одредени видови намирници за чистење на белите дробови, а сите ние го знаеме народниот лек – млеко со прегорен шеќер и путер за борба против кашлица.
Белите дробови се душата на нашето тело и затоа е важно редовно да ги чистиме, да го одржуваме нивното здравје и да ги детоксицираме. За време на пандемијата „Ковид-19“, важно е да се фокусираме повеќе на зајакнување на имунолошкиот систем, усвојување здрави навики и одржување на здравјето преку соодветна исхрана и детоксикација.
Ви претставуваме рецепт за магичен чај за детоксикација на белите дробови кој помага да се зајакне респираторниот имунитет и да се исчисти од хемикалии и токсини од воздухот.
Покрај тоа што е многу здрав, овој чај има и убав вкус.
Рецепт за магичен чај за детоксикација на белите дробови:
Состојки:
- парче ѓумбир или 1 лажичка сушен ѓумбир во прав
- 1 стапче цимет или 1/2 лажичка цимет во прав
- 1/2 лажичка босилек (сув или свеж)
- 1 лажичка сушен зачин оригано
- 3 зрна бибер
- 2 зрна кардамон
- 1/4 лажичка семе од анасон
- прстофат кумин
Подготовка:
Сите состојки потребно е да ги додадете во 2 чаши врела вода. Чајот варете го 10 минути, а потоа оставете го да отстои. Исцедете го, па испијте го. 🙂
Пијте го овој чај неколку дена превентивно за да ги исчистите белите дробови. Ако кашлате или имате одредени респираторни проблеми, консумирајте го чајот сè додека не забележите дека дишете лесно и проблемите ги нема.
Забелешка: Ако имате било какви проблеми, најпрво консултирајте се со специјалист или матичен лекар.