Ок, сочувајте некои за после карантинот. Тие се толку добри што вреди да се чека.
Направивте онлајн шопинг, го извадивте гелот од ноктите, почнавте со онлајн тренинзи, но нешто недостасува… Ние ќе ви помогнеме, она што ве мачи е новата боја на косата. Шишки, нови прамени или пак обична messy пунџа (која одлично изгледа на фотографиите на инстаграм) се работите со кои може да се позанимавате овие денови.
Ние ги откривме најдобрите трендови за коса за 2020година, а на вас останува да ги испробате.
Темна боја на мед
Оваа кремаста, медено-сина нијанса е една од омилените трендови за коса на блогерите за 2020 година. Таа оди со секој тон на кожа, се носи буквално во текот на целата година и е многу лесна за одржување.
Златни прамени
Нема девојка на која не и стои оваа фризура. Но, за создавање на оваа боја ќе ви треба фризер, затоа зачувајте ја оваа фотографија за подоцна.
Сребрено-сина боја
Овој тренд го достигна врвот минатата година, но и оваа година не заостанува. Сива во комбинација со сина боја ќе ви даде изглед на ледена кралица која не се плаши од промени. Дополнителен совет: Кога ја миете, користете шампон за виолетова коса за да ја задржите бојата посветла.
Виолетова
Оваа боја стана огромен тренд на Инстаграм и Тик-Ток, дури и некои мајки се осмелуваат да ја испробаат оваа боја на коса. Одлична е за оние кои сакаат да експериментираат, а доколку ја изберете оваа нијанса, обидете се секоја недела да нанесувате маска на косата за тоновите да се задржат што е можно подолго.
Деми Ловато завршетоци на косата
Одличен начин да добиете нов и свеж изглед без да ја обоите целата коса. Можете да ги виткате краевите со стапчиња за да добиете симпатична форма како Деми.