Тони Надал, чичкото на светскиот тенисер Тони Надал изнесе неколку пикантерии од секојдневниот живот на неговиот внук.
Рафаел воопшто не размислува за тенисот во овие тешки моменти во неговата земја за време на корона пандемијата.
„Со овој голем проблем што го имаме, сите други се заборавени. Тоа се секундарни работи. Сега е важно да се справиме со коронавирусот. Тоа е важно, а не тенисот. Разговаравме и тој ми рече дека не му е грижа сега за тенисот. Тоа е логично, ако имате малку обѕир. “, изјави Тони Надал за Мундо Депортиво.