3 совршени home-made маски кои се прават во неколку чекори

popara26 јули, 20202min00
maski za lice

Не е лесно да се најде совршена маска за лице, но постои можност барем една таква да се крие на полиците на вашата кујна.

Маските отсекогаш биле меѓу првите 3 производи, кога станува збор за рутинска убавина. Идеални се за елиминирање на замор после стресен ден на работа, намалување на порите или борба против маснотии. Но, наместо да барате со денови, искористете еден момент и направете ја вашашата совршена маска.

Маска дехидрирана кожа

Потребни состојки:

  • 1 /2 авокадо
  • 1 лажица мед
  • шака овесни снегулки

Како делува:

Медот е одлична состојка што помага вашата кожа да ја задржи влагата без чувство  на маснотија – но тоа не е сè. Нанесувањето на мед на лицето помага да се отстранат лузните и да се регенерира кожата, како и во заздравување на ткивата.

Благодарение на ултра хранливите масла, додавањето на пире од авокадо ќе ја елиминира секоја рапавост, што ќе ја направи вашата кожа свиленкасто мазна. Ако немате авокадо, можете да го замените со 3 супени лажици домашно млеко, кое со помош на млечната киселина ќе направат нежна ексфолијација и ќе го исчистат лицето без дополнителна иритација.

Доволно е маската да стои на лицето 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска за сјај на кожата

Потребни состојки:

  • 1 лажица какао во прав
  • 1/4 ананас
  • 1 лажица алое вера гел

Како делува:

Гелот од алое вера е полн со витамин А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12, што значи дека има значителни смирувачки и хидрантни својства на кожата. Во комбинација со ананас – кој ќе ги раствори мртвите клетки на кожата, оваа маска нега на кожата ќе ја однесе на едно повисоко ниво. Меѓутоа, додавањето какао во прав ја прави оваа содржина апсолутно магична. Кога се нанесува на чиста кожа, акцентот е ставен на засилена циркулација и елиминација на надуениот изглед. А рецептот е едноставен – измешајте ги овие три состојки, оставете да отстои десет минути, а потоа маската за блескава кожа е подготвена.

Маска против акни

Потребни состојки:

  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка куркума во прав
  • 1/2 лажичка морска сол

Како делува:

Веќе ги спомнавме лековитите својства на медот, затоа е важно да се објасни колку е одлична куркумата. И не зборуваме само за црвенило и пигментација. Куркумата е одлична за уморна и кожа склона на акни, бидејќи има антиинфламаторни и антибактериски својства. Вклучувањето на сол во овој рецепт ќе помогне во чистење на кожата, поради што оваа комбинација ги намалува инфекциите, иритациите, отокот и вишокот на себум, што всушност ги блокира порите и доведува до појава на дамки и поткожни мозолчиња.

Измешајте ги овие состојки, а потоа со помош на четка нанесете ги на лицето и оставете да дејствуваат 15 минути, пред да ги исплакнете со млака вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag