Колку “тежат” членовите на кралското семејство??

popara14 април, 20205min00
ројал

Честопати сме се прашале од каде им е богатството на членовите на британското кралско семејство, со оглед на тоа што тие не се обични луѓе со регуларна професија и заработувачка.


Кралица Елизабета

Според Wealth-X, глобална компанија за увид во богатството, нејзиното височество вреди околу 520 милиони долари. Најголем дел од парите доаѓаат од сопственост на замокот Балморал (140 милиони американски долари) во Абердиншир, Шкотска и Сандрингам Хаус (65 милиони американски долари) во Норфолк, Англија, кои се нејзини сопствени имoти, за разлика од Имотите на Круната (Имоти на круната се „јавни имоти на суверените“ и вклучува недвижнини како Бакингемската палата.) Таа зема 15 до 25 проценти од профитот генериран од Имотите на круната и добива плата од Војводството од Ланкастер, што е различно од Имотите на Круната и претставува приватен и независен приход резервиран за Војводата од Ланкастер, односно кралицата.  Таа исто така има вредна колекција на вредни марки и накит.

Принц Филип


Сопругот на кралицата повеќе од 70 години има многу поскромна нето вредност од само 30 милиони долари. Во 2017 година, тој се повлече од својата официјална позиција како војвода од Единбург. Тој заработувал годишна плата од 500.000 американски долари од парламентот.

Принц Чарлс

 
Како наследник на престолот, принцот Чарлс има проценета нето вредност од 400 милиони американски долари, според „Wealth-X“. Најголемиот дел од неговите пари доаѓаат од Војводството Корнвол, приватна сопственост која го финансира животот и активностите на оној кој ја има титулата принцот од Велс и неговото семејство. Војводството Корнвол поседува околу 1,3 милијарди американски долари, вклучувајќи земјиште и недвижнини, а ги покрива трошоците на принцот Чарлс, неговата сопруга Камила и синовите принцот Вилијам и принцот Хари со нивните сопруги.

Принцеза Дајана


Како дел од нејзиниот договор за развод, принцезата Дајана добила 22,5 милиони долари од принцот Чарлс една година пред да почине. Парите, како и други средства, како накит и лични работи, отишле кај нејзините синови.

Камила, Војвотката од Корнвол


Војвотката се шпекулира дека има нето вредност од околу 5 милиони долари. Пред да се омажи за Ендру Паркер-Боулс во 1973 година, Камила работела како секретарка во повеќе фирми во лондонски „Вест Енд“ и како рецепционерка во фирма за дизајн, иако таа милионите не ги направила таму. Нејзиното богатство се генерира преку разни имања, вклучувајќи недвижни имоти, како и стипендија од Војводството Корнвол, слично како и другите кралски луѓе од оваа листа.

Принцот Вилијам

Според „Бизнис инсајдер“, принцот Вилијам и принцот Хари вредат меѓу 25 и 40 милиони долари. И двајцата добиле наследство од покојната мајка: паушална сума од 14 милиони американски долари кога наполниле 30 години и дивиденди од 450.000 долари секоја година, откако ќе наполнат 25 години.

Вилијам порано добивал плата (што ја донирал во добротворни цели) од 62.000 американски долари годишно за својата работа како пилот на Источно Англиска Воздушна Амбуланта, пред да се пензионира и да се фокусира на своите должности како крал.

Кејт Мидлтон

Кејт можеби е одгледувана како обичен граѓанин, но нејзините финансии се далеку од вообичаени. Нејзините кралски трошоци се покриени од Војводството Корнвол, но Тајм известува дека може да има лична нето вредност од дури 10 милиони американски долари. Нејзините родители, Мајкл и Керол Мидлтон, поседуваат успешна интернет продавница наречена Party Pieces и се проценува дека таа вреди меѓу 30 и 50 милиони долари. Веројатно Кејт ќе наследи дел од тие пари, заедно со нејзините брат и сестра Џејмс и Пипа.

Принц Џорџ

Секако, децата од кралството сè уште не заработиле приход, но нивното влијание врз британската економија е астрономско. Раѓањето на принцот Џорџ беше удар од 3,6 милијарди американски долари за британската економија.

Принцеза Шарлот


Во меѓувреме, раѓањето на принцезата Шарлот инспирираше скоро 5 милијарди американски долари за британската економија. На пример, кога принцезата Шарлот беше фотографирана како носи жолт џемпер, истиот тој беше распродаден низ цела Британија. Ефектот Шарлот во акција!

Принц Луис

Раѓањето на ново кралско бебе секогаш носи пораст на британската економија, па раѓањето на Луис во април не беше исклучок. Додека принцот Џорџ и принцезата Шарлот генерираат 75 милиони и 100 милиони фунти, соодветно, за британската економија секоја година, најновиот кралски додаток се проценува дека ќе придонесе со 50 милиони фунти за британската економија оваа година…тон пари.

Принц Хари


По 10 години во Кралските воздухопловни сили, принцот Хари се повлече во 2015 година за да се фокусира на филантропија. Додека бил во Кралските воздухопловни сили, остварувал приход од 53.000 долари годишно. Не е лоша сума, но тоа не е причината зошто неговата нето вредност се проценува од 25 до 40 милиони долари, исто како и неговиот брат Вил. Тоа е благодарение на неговото наследство. Сега кога Хари официјално не е постар член на кралското семејство, сето тоа се менува.

Меган Маркл


Меган Маркл, која беше актерка пред да биде благородничка, има околу 5 милиони долари чиста вредност. Таа заработувала по 50 000 долари од епизода за улогата во серијата „Суитс“, како и дополнителни приходи од филмските улоги низ целата актерска кариера. Како и принцот Хари,и таа веќе не е постара членка на кралското семејство и ќе продолжи да произведува свој приход.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag