3 најлоши видови појадок

popara15 април, 20202min00
pojadok 2

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот затоа што му дава енергија на организмот за напорните часови што претстојат.

Но, постојат одредени видови храна и пијалоци кои не се добри за јадење и пиење наутро.

Овошни сокови и овошни јогурти

Иако велат дека тие се 100 проценти природни, овошните сокови се полни со шеќер и адитиви.

Ако пиете вакви пијалоци на празен стомак ќе ви дадат моментална енергија, но исто така и брзо ќе ја избркаaт. Исто така, купените соковите немаат голема хранлива вредност. Подобро консумирајте вистинското овошје кое содржи витамини и влакна потребни за регулирање на варењето на храната и збогатете го со чинија житарки. Истото важи и за овошните јогурти, па изберете незасладен пробиотик со парче печено лепче и мармалад.

Пекарски производи

Крофните и пецивата што ги купуваме во пекара се вкусни и заситуваат, но исто така често содржат големи количини на адитиви, сол и шеќер, што не е добра комбинација за почеток на денот.

„Ѕидарски појадок“

Ѕидарскиот појадок подразбира масна, тешка и висококалорична храна како печени јајца со сланина, бел леб или масна салама зачинета со мајонез или слични намази.

Освен ако немате тешка физичка работа, ваков појадок навистина не му треба вашето тело затоа што тешко се вари.

Големи количини на нездрави масти ќе завршат во форма на масно ткиво, а вашето тело нема да ги добие сите потребни витамини, минерали и влакна.

Ако сакате да јадете јајца наутро, најдобро е да ги сварите и да ги комбинирате со печено лепче и чај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag