Американската актерка Рита Вилсон, сопруга на славниот Том Хенкс, вчера се појави преку видео-врска на CBS This Morning, во која го пренесе своето искуство со хлорокин – лек што се користи за борба против маларијата, за кој многу експерти велат дека помага во борбата против вирусот корона.
Според неа, овој лек можеби помогнал во заздравувањето, но таа рече дека тоа и ’правело„ екстремни несакани ефекти “.
Вилсон и Хенкс беа меѓу првите холивудски ѕвезди кои објавија дека се позитивни за вирусот корона, а откако поминаа месец и половина во Австралија, двојката неодамна се врати во Америка. Тие решија да ја даруваат својата крв за понатамошно истражување, во надеж дека нивните антитела ќе бидат искористени за развој на вакцината.