Во актуелната ситуација, ние сме принудени да применуваме мерки за лична заштита од корона вирусот, секој ден користиме најразлични средства за дезинфекција, како за лична грижа така и за здравјето на нашите најблиски, со кои го делиме просторот за живеење.
Најверојатно со таква мисла беше создаден Rockubot, мал „антистрес“ робот кој свири музика, „ги разбира чувствата на својот сопственик“ и што е најважно – убива сите вируси и бактерии низ куќата.
Главната карактеристика на Rockubot е UV-C светлината што ја емитува, односно зраците со кратки бранови UV-C кои ги елиминираат бактериите и вирусите каде и да се движи. И, освен за површини како што се кревети, фотелји и друг мебел, подови, паркети и теписи, може да се користи и за дезинфекција на пр. медицински маски или други уреди, како и далечински управувачи, телефони, играчки …
Rockubot има можност за безжично полнење, така што може да се полни во движење или додека работи. А кога ќе ја заврши својата работа, самиот се дезинфицира.
Се разбира, за да може да се движи низ различни површини, тој е опремен со вештачка интелигенција и сензори што го водат низ просторот и спречуваат на пр. да паѓа од креветот на подот или да удрира во ѕидот, како и да преминува преку испакнатини и помали препреки.