Чистењето игра голема улога во заштита од бактерии за време на пандемијата од коронавирус.
Веќе ги знаеме најдобрите начини за чистење на тврди површини и за сите производи кои ги купуваме од продавница, но еве неколку совети за перење.
Сè уште нема научни докази дека коронавирусот може да се пренесува преку текстил и постелнина. Сепак, придржувајте се кон следниве совети:
Користете ја најтоплата можна вода
Предметите треба да се перат на препорачаната температура за нив. Користете ја најтоплата можна вода која е безбедна за материјалите (внимавајте да не ги оштетите) и исушете ги комплетно.
Не користете екстра прашок
Иако изгледа дека може подобро да ги испере алиштата, продолжете и понатаму да ја користите соодветната количина на прашок за перење како и досега.
Не ја преполнувајте машината
Алиштата треба да циркулираат слободно за да можат да се исперат подобро.
Осигурајте се дека алиштата се комплетно суви
Процесот на сушење е особено важен. Доколку се прави во машина за сушење, многу е веројатно дека самиот процес ќе ги убие вирусите.
Перење доколку имате болен од коронавирус дома
Користете кеси за веш за еднократна употреба, особено за постелнината. Не ги тресете облеките и постелнитата кога ги земате, се што е на нив може да се пренесе преку воздух. Не е потребен специјален прашок за перење доколку имате болен дома, а неговите облеки можат слободно да се перат со вашите . Користете ракавици кога работите со алиштата на болниот.
Препораката е секако, во сите случаи иста- да се мијат раце по ракување со алишта за перење.