Минатата година, во светските медиуми почна да кружи вест, од која многумина се загрижија и шокираа. Поточно, беше објавено дека 93-годишната кралица Елизабета II умира, и тоа од леукемија. Според нив, Бакингамската палата е во хаос поради бавната смрт на кралицата, и сè се чува во тајност за јавноста да не паничи. Светските таблоиди сега отидоа еден чекор подалеку, па Globe пишува дека кралицата веќе го испланирала нејзиниот сопствен погреб, а интересно е што дека на нејзиниот 35-годишен внук Хари и неговата тригодини постара сопруга им е забрането да присуствуваат.
„Нејзиното Височество ги живее своитте последни денови, но таа не се предава до последниот здив“, рече наводен и неименуван „висок извор од палатата“, се вели во таблоидот.
„Таа им забрани на Меган и на Хари да присуствуваат на нејзиниот погреб, и тоа поради одлуката да го напуштат дворецот, но „капката што ја прелеа чашата“ е фактот што овие сопружници не му се придружија на остатокот од семејството за Божиќните празници. „Кралицата бара тотална лојалност, а Меган и Хари очигледно ја изневерија“, заклучува изворот.
Како и да е, во текот на изминатата година кралицата ги извршуваше сите кралски должности и се појавуваше во јавноста на најнормален начин и не покажа никакви знаци на слабост. Напротив, таа секогаш се чинеше витална, што фрла неверојатен сомнеж на тврдењата на едно списание кое дури минатиот мај напиша дека кралицата умира и ќе го назначи принцот Вилијам (37) за нејзин наследник наместо 71-годишниот принц Чарлс, кој според законот е првиот што треба да го преземе престолот по неа.