Иако на почетокот се шпекулираше дека Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно и планираат да посвојат дете од сиропиталиште во Мексико, магазинот New Idea сега тврди дека сѐ уште неофицијалната двојка „веројатно“ тајно добила близнаци преку сурогат мајка која во 2009 година им роди близнаци на актерската двојка Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик. Истата сурогат мајка неодамна роди нови близнаци и извор близок на 57-годишниот Бред и 51-годишната Џенифер тврди дека тие всушност се нивни.
„Ова ќе биде најдобро време од нивните животи и нешто за што сонуваа со децении“, рече изворот, а списанието се потпре на објавата што ја сподели сурогат мајката преку социјалните мрежи, во која откри детали за раѓањето на близнаците, вклучувајќи ги и стресните компликации што ги имала во бременоста. Но, од овие откритија навистина не може со сигурност да се каже дека таа им родила близнаци на Бред и Џенифер. Извори блиски до двојката исто така изјавија дека тоа не е точно, а единствената работа што може да се каже засега е дека поранешните сопружници се многу пријателски расположени еден кон друг, што можеше да се види по доделувањето на наградите SAG и реакцијата на Џенифер кога Бред го освои Оскарот.
Магазинот People, според Gossip Cop, точно напишал дека Бред и Џени се „пријатели и се среќни еден за друг кога ќе постигнат некаков успех, но тоа е тоа“. Тие мислат дека магазинот New Idea е во толку длабока фантазија околу децата на Бред и Џени што веќе не можат да ја „разликуваат од вистината и реалноста“.