Многу едноставен рецепт кој воедно се припрема многу брзо и многу лесно. Состојките кои ви се потребни за овој рецепт се:
- ½ оригано
- 1 лажица кари
- 500 мл солена павлака
- 500 гр свежи шампињони
- 500 гр пилешко месо
- 1 лажица сол
Пилешкото и шампињоните се сечат на ситни парчиња. Во голема тава го ставате пилешкото и шампињоните каде се пропржуваат и се динстаат 15-тина минути. Потоа ја додавате солената павлака и зачините. Оставeте на оган доволно долго колку да се згусне павлаката. Вашиот ручек е спремен.
Bon Appetit