Со ерупција на епидемијата на вирусот Корона, скоро и да нема лансирање на нови модели.
Па Lexus LC ќе ги развесели многу љубители на автомобили, особено оние кои сакаат класични модели на купе, вид кој е скоро истребен. LC беше претставен пред три години, а ова е прв нејзин темелен редизајн. Изгледот на овој атрактивен луксузен модел тешко дека е променет, но Lexus нуди нови бои за каросерија и ентериер и нови бандажи од 20 инчи. Исто така, има засилен мултимедијален систем кој сега нуди и Apple CarPlay и Android Auto.
Промените под каросеријата се многу потемелни и треба да донесат многу поголемо задоволство при возењето. Со употреба на полесни материјали, Lexus ја намали тежината на автомобилот за 10 килограми, што со промени во суспензијата ќе придонесе за малку подобри перформанси при возењето. Active Cornering Assist, исто така, придонесува за задоволство при возењето, овозможувајќи побрзи свиоци во агресивното возење. Подобрен е и автоматски менувач кој сè уште има неверојатни 10 брзини.