Народни верувања за Велики петок: Еве зошто треба да ја измиете косата и задолжително да го исчистите домот

popara17 април, 20201min00
вп

На Велики петок, се почитува строг пост. Во куќата не треба да има никаква домаќинска работа, нема готвење, дури ни месење леб.

На овој ден не се слуша музика, не се свири музика и не се огласуваат ниту црковните sвона.

Покрај тоа, се верува дека на Велики петок не треба се јаде коприва.

Во некои делови, се верува дека девојките кои денес крадат цвеќиња од црковната порта и го ставаат под перница, ќе го сонуваат идниот сопруг ноќта пред Велика сабота.

Исто така, се верува дека оној што денес ќе ја измие косата цела година нема да има главоболки, и дека треба да ја исчисти својата куќа или да ја измете со метла, а потоа да ја фрли. Така се оддалечува целото зло од дома и домаќинство.

Според народното верување, треба да му се помолите на Бога и да замислите на убава желба, и таа желба ќе биде исполнета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag