Босанската манекенка Амра Џеко, сопруга на фудбалерот Един Џеко, е бремена, а неодамна оваа вест ја сподели со јавноста.
Оваа двојка чека дете, а сега убава манекенка објави видео на кое се гледа како изгледа нејзиниот тренинг.
Се снимала себеси додека вежбала во вила во Рим:
“Како што знаете, јас сум во блажена состојба, 16 та недела од бременоста … се чувствувам одлично и затоа ги правам скоро сите типови вежби исто како пред бременоста (вклучувајќи кросфит и тренинг со тежина). Немам компликации, сè е во ред … Со спорт се занимавам од 6 години. Никогаш не сум престанала. Ова е моја 4та бременост и претходните 3 ги поминав со секојдневни тренинзи, од почеток до крај. Среќна сум што навистина уживам во сите 9 месеци и свесна сум дека сум една ретките среќни жени, забележувам дека бременоста кај секоја жена е различна, во зависност од вашите физички активности што сте вршиле пред бременоста и вашата моментална здравствена слика, вие и вашиот лекар треба да одлучите кои работи можете да ги правите и што да не треба да правите. Не се форсирајте (особено бремените жени). Понекогаш немам желба да тренирам – тогаш прескокнувам. Но, генерално, се чувствувам многу подобро за време и после тренингот, јас сум посреќна, а со тоа и моето бебе “, напиша Амра.