Исфрлете ја од глава несудената љубов: Како да ја преболиш симпатијата која никогаш не прерасна во сериозна врска?

popara18 април, 20201min00
ljubov

Следете ги овие совети за полесно да се ослободите од несаканите пеперутки во стомакот.

Сите ние имаме симпатии – понекогаш возвратени, а понекогаш и не. Ги гледаме на училиште, на факултет, во соседството или во општеството. Почнуваме да се распрашуваме за нив, фантазираме за нив, ги следиме нивните објавувања на социјалните мрежи. Понекогаш дури и го правиме првиот чекор или само се обидуваме да дадеме мали сигнали. Но, што ако тој интерес што го покажуваме не е возвратен?

Да се ​​преболи симпатијата не е исто како и да се заборави поранешното момче. Вие споделувате спомени со својата поранешна љубов, која барем во еден период била меѓусебна. Но, кога ќе се обидете да заборавите на симпатијата, сите опции се во игра. Затоа, тешко е да се откажеме од лицето за кое имаме чувства, без навистина да се знае дали тие чувства се возвратни и дали можат да бидат некогаш.

Следете ги овие 5 совети за тоа како успешно да ја надминете невозвратената љубов.

1. Признајте му нему и на себе, дека ви се допаѓа

Да се ​​направи првиот чекор не е толку едноставно, но имајте на ум дека можете да ги признаете своите чувства директно (што бара многу храброст), но исто така може и суптилно да се распрашате преку меѓусебни пријатели. Ако го изберете второто, изберете пријател на кој му верувате индиректно да откриете дали овие чувства се меѓусебни. Ако не се, ќе ви биде полесно да преболите некого кога знаете дека нема надеж за развој на тој однос во нешто повеќе.

2. Далеку од очите, далеку од срцето

Колку повеќе внимание и посветувате на некоја личност, толку потешко ќе биде да се оддалечите од истата. Понекогаш е тешко физички да се дистанцирате, затоа што секојдневно се гледате на училиште или во соседството, но она што свесно можете да го направите е да престанете да го следите на социјалните мрежи или барем да ги скриете неговите објави. Колку помалку го гледате, толку помалку ќе размислувате за него.

3. Обидете се да размислите зошто токму тој ви се допаѓа

Се разбира, не се сомневаме дека е згоден. Но, тоа не е доволно. Обидете се да се фокусирате на неговата личност, особено на негативните особини што ги гледате. Дали се овие негативни особини нешто што не можам да го надминам? Дали навистина сте компатибилни? Ако имате најмало чувство дека оваа личност не е за вас – верувајте во себе. Вашата интуиција не е погрешна.

4. Квалитетно пополнете го слободното време

Понекогаш најдобриот начин да престанете да размислувате за некого може да биде едноставно да немате време да размислувате за него. Пронајдете работа или хоби, пријавете се за воннаставни активности, поминете време со пријателите, започнете да се занимавате со спорт и сл. Колку повеќе време поминувате во надградување на самите себе, толку подобро ќе се чувствувате во сопствената кожа, а и помалку ќе размислувате за невозвратената љубов.

5. Дајте си време и дајте му шанса на некој друг

Вистината е дека времето ги лекува сите рани. Веруваме дека повеќе не размислувате за симпатијата од градинка или основно училиште. Вкусовите се менуваат со времето, па затоа и оваа симпатија наскоро ќе биде заборавена. Во меѓувреме, погледнете наоколу: можеби ќе ви се допадне некој друг, но не забележувате затоа што сте заслепени од вашата симпатија. Можеби вреди да се даде шанса на некој друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag