Животот не ја мазел: Се обидоа да ја убијат, бракот и преживеа афери, а еве зошто денес слави!

popara17 април, 20201min00
viktorija

Викторија Бекам на многумина им е позната како поранешната „Spice Girl“, и како сопруга на Дејвид Бекам. Таа сега е успешен претприемач и немала лесен живот.

Таа денес го слави својот 46ти роденден, а ова е нејзината животна приказна.

Викторија e позната по својот софистициран стил и високи потпетици што скоро никогаш не ги соблече, а кога нејзиниот бенд се распадна, таа започна сама да настапува. Во почетокот на 1997та година, Викторија го запозна фудбалерот Дејвид Бекам на натпревар, а подоцна тој призна како со колегите коментирал дека ги гледал нејзините спотови и му се допаѓала уште пред да ја види во живо. Тие се венчаа во 1999та година.

За време на бракот, Бекамови преживеаја многу скандали, афери и кризи, но нивниот брак не потклекна, иако често се пишуваше дека тие се разведуваат.

Со текот на годините, Викторија имаше и други незгодни ситуации. Детективите на Скотланд Јард во 2000т година пријавија дека Викторија Бекам и нејзиниот син Бруклин биле киднапирани. Тие биле однесени на тајна локација, но никој не бил фатен.

Неколку седмици подоцна, кога заедно со групата Spice Girls настапуваше на доделувањето на наградите „Брит“, на нејзините гради се појави црвена точка од ласер. Тие веднаш ја однесоа од сцената, а пејачката подоцна раскажа дека се тресела со недели бидејќи полицијата утврдила дека имало маж кој планирал да ја убие.

Во текот на изминатите неколку години, Викторија се вклучи во снимање на дури пет документарни серии за нејзиниот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma