Жените секогаш се во потрага за евтини, но ефикасни лекови за брз раст на косата. Еден од нив е и никотинската киселина.
Никотинска киселина, ниацин, витамин Б3 е во состојба да излечи рани, да ве заштити од кардиоваскуларни болести, да го намали холестеролот…Но, може да направи и вашата коса преку ноќ да се претвори во густа грива.
Витаминот Б3 во ампули можете да го користите и при подготовка на домашни маски за коса. Делува на косата на начин што ја зголемува микростимулацијата, која пак ги стимулира фоликулите на влакната и ги поттикнува растот и јакнењето на косата.
Никотинска киселина:
– Го контролира производството на себум, па косата останува чиста подолго време
– Делувајќи на меланинот, ја прави природната боја на косата пожива
– По 10 до 14 дена се приметува забрзан раст на косата. Во просек 3 до 4 сантиметри месечно
– Го подобрува квалитетот на косата и нејзиниот волумен
Маски за коса со никотинска киселина:
Нанесете ја на чиста, сува или влажна коса и оставете ја 1 до 2 часа. Потоа измијте ја косата со шампон и со топла вода.
Алое вера
Измешајте една лажица сок од алое вера, ампула никотинска киселина и неколку капки течен мед. Втријте ја оваа маска во коренот на косата и оставете ја 1 до 2 часа, а потоа измијте ја косата. Маската правете ја на секои два дена, до 10 пати.
Алое вера исто така го подобрува растот на косата, ја омекнува и ја негува. Медот го спречува опаѓањето на косата, го јакне коренот и поттикнува производство на колаген и еластин.
Жолчки
Измешајте ампула никотинска киселина, жолчки и лажица кокосово масло или ленено масло, како и 10 мл витамин Е. Нанесете по целата должина на косата и оставете да делува неколку часа. Измијте со топла вода, без шампон. Резултатот повторете го на измиена коса со јаболков оцет разблажен со вода. Постапката повторете ја 10 пати и тоа три пати неделно.
Маслата ги јакнат и ги влажнат кадриците, враќајќи им ја структурата. Витаминот Е го спречува опаѓањето на косата, се бори против првутот и ја обновува оштетената коса.
Кога ќе ја измиете косата со оцет, таа станува мазна и сјајна.
Маска со коњак
Земете лажица мед и лажица ракија, ампула никотинска киселина и неколку капки масло од рицинус. Измешајте и нанесете на влажна коса, оставете 1 до 2 часа. Измијте се со малку ладна вода без шампон. Оваа маска ставајте ја на косата 1 до 2 пати неделно.
Коњакот ги јакне фоликулите на влакната, ја нормализира масната коса. Маслото од рицинус ја влажни косата и го отстранува првутот.