26 години го мачела неподнослива главоболка- погледнете што му извадиле од мозокот!

popara18 април, 20201min00
главоболка

По 26 години од главата на еден маж од рурална Кина му бил изваден ‘рѓосан нож долг 10 сантиметри.

Човекот бил повреден во еден брутален грабеж во 1994 година. Оттогаш живеел со долг нож забоден во главата. За среќа, човекот го преживеал нападот, но заради сечилото на ножот, имал низа оштетувања во мозокот, па го изгубил видот на десното око и пател од хронична главоболка.

Лекарите не се осудувале да го оперираат

Прв пат побарал лекарска помош во 2012 година,откако главоболките станале неподносливи. Лекарите биле во шок кога рендген снимката покажала сечило во мозокот, подолго од 10 сантиметри. Одбиле да го оперираат бидејќи сметале дека зафатот е премногу ризичен.

Најверојатно би умрел така, доколку докторите кои минатиот месец го посетиле селото не дознале за неговиот случај.

“Кога го пронајдовме во текот на редовната посета на болницата, дознавме дека колегите се одлучиле за поконзервативен пристап на лечење и му препишувале само лекови против болки”, кажал доктор Жанг Шуџианг. “Но симптомите станувале се полоши. Заради ограниченоста на локалните болници, одлучивме да го донесеме во Шандонг”, додал докторот.

Симптомите станале се потешки

Заради сечилото во мозокот, не само што го изгубил видот во десното око, туку претрпел и речиси целосна парализа во левата рака и нога.

На снимката на компјутерска томографија се видело дека сечилото се наоѓа во очниот отвор и го притиска очниот нерв. Отстранувањето би било тешко, но според главниот неврохирург, др. Лиу Гуангчун, тоа би бил “единствениот начин да се реши маката на човекот еднаш засекогаш”.

Очигледно неврохирургијата напреднала од 2012 година, па специјалистите сепак се решиле за зафатот. По два деликатни хируршки зафати, докторите конечно успеале да го извадат долгото сечило.

Не можел ниту да се смее, ниту да кашла

“По двете операции пациентот добро закрепнува и веќе може да оди самостојно. Болките во глава исчезнале и потврден е комплетен вид на десното око. Исто така, може да ја отвори устата и повеќе не кашла”, известил докторот.

Зборувајќи за своите страдања, 76 годишниот маж рекол дека додека го имал ножот во глава не можел да зева, ниту да кашла. “Докторите ми дадоа втора шанса во животот и го решија мојот 24 годишен кошмар”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag