Има 72 години, а изгледа како да има 30! Дознајте ја тајната!

popara18 април, 20202min00
maja

Маја Маск има 72 години, манекенка е и нутриционистка,а воедно и мајка на милијардерот Елон Маск. Таа живее живот каков што посакувала отсекогаш, но патот кој го поминала за да стигне до тука не бил воопшто лесен, ниту едноставен.

Доживеала многу животни несреќи, злоставувања, тежок развод и успешно одгледала три деца. Меѓу своите најголеми успеси, а ги има навистина многу, влегува фактот дека во 2017 година станала најстарото заштитно лице во историјата на една козметичка куќа.

“Не можете да контролирате сè што се случува, но можете да создадете живот каков што посакувате на било која возраст. Треба само да направите план”, порачува Маја.

Она на што можат да и завидат и многу млади девојки е совршениот изглед. Иако ја чекори осмата деценија, таа има тело како на 30 годишна жена. Се води по следниве правила и никогаш не ги прекршува

1. Направете распоред

Јадете кога сте гладни, но не чекајте премногу да огладнете, бидејќи така ќе спречите да се прејадете. По појадокот, јас обично огладнувам околу пладне, па затоа тогаш јадам половина ручек.

2. Јадете го само она што го сакате

Ако не ви се допаѓа вкусот, не го јадете тоа, без разлика колку и да е здраво. Целта е да уживате во храната, но умерено.

3. Дозволете си да се опуштите повремено

Мојот син отвори ресторан и знаев дека на тоа отворање ќе јадам повеќе од било кога, но затоа следниот ден ги преполовив сите оброци. Балансот е многу важен.

4. Радувајте му се на животот

Не се исцрпувајте со тренинзи и не го јадете она во што не уживате. Сè во животот треба да биде умерено. Кога го јадете она што го сакате, тогаш ќе бидете расположени. А доброто чувство се гледа и на лицето и на телото. Само задоволна жена може да изгледа добро!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag