Деми Ловато и Сем Смит конечно ни ја дадoа соработката која што сите ја очекувавме! Само пред неколку дена ја објавија нивната нова песна “I’m Ready“, па дали е премногу рано да ја наречеме хит на летото? Видео записот е инспириран од Олимписките игри, Ловато и Смит се натпреваруваат за злато додека тие пеат на подиумот за тоа дека се подготвени да ја пронајдат љубовтa (одовде и насловот на песната).
Пред самотo излегување на песната, Смит изјави каква била соработката со Ловато. “Никогаш не се сомневав во нашата соработка, сепак Ловато има преубав вокал, а јас сум нејзин студент“, објасни Смит. “Растев слушајќи ја нејзината музика, пеејќи ги нејзините песни и обидувајќи се да пеам како Деми Ловато. Јас тренирав за овој момент долго време. Вистински ја обожавам. Како нејзиниот неверојатен талент, така и за се што се заложува бидејќи верувам во се за што се заложува и едноставно ја обожавам неа. Така што, јас сум среќен што ова соработка се реализираше и се надевам дека нема да ни биде последна“.
Смит исто така проговори како започнале да се дружат со Ловато. “Бев во контакт со Деми последниве неколку години и пред да ја започнеме соработката, едноставно сакав да и помогнам како пријател, а тоа и го сторив“, рече Смит, осврнувајќи се на нејзината предозирање со лекови во јули 2018 година. “Таа дојде во студиото каде што бев. За неа сметам дека е најсилната личност што сум ја запознал и низ сетоа она што поминува е нешто незамисливо и не знам како се чувствува на моменти. Го гледав нејзиното патување и нејзината смиреност низ тешките моменти, а сето сето ова е толку инспиративно за мене“.
Погледнете го видеото инспирирано од Олимпијадата за „I’m Ready“ погоре.