Корона вирусот има влијание на менструалниот циклус, а ова се главните симптоми!

popara19 април, 20201min00
shutterstock1576262134-830x0

Стресот дефинитивно има влијание на менструалниот циклус.

Бидејќи корона вирусот продолжува да предизвикува глобална неизвесност и сомнеж, сосема е природно да се чувствувате вознемирени и несигурни. Веќе може да забележите некои знаци на стрес, како што се хронични мигрени или проблеми со спиењето.

Сепак, овие не се единствените последици бидејќи стресот може да влијае на сите делови од телото. Во последно време, поголем број жени пријавиле дека имаат нередовен менструален циклус – доживеале сè, од гадење до рана менструација и интензивни грчеви во стомакот.

Ако забележавте некоја од овие промени, сигурно не сте единствената. Стресот може да влијае на менструацијата во текот на следните неколку месеци.

Ваквото нарушување може, пак, да доведе до доцнење на менструацијата или пак воопшто да немате.

Жените исто така може да имаат потешки менструални болки, бидејќи слабата контрола и малата поддршка од околината се двата главни фактори поврзани со дисменореја.

Дури и ако сè уште не сте искусиле некоја од овие промени во менструалниот циклус, сè уште постои шанса дека стресната состојба предизвикана од пандемијата може да има ефект на интензивна болка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag