За совршени резултати потребно е да одвоите само 10 минути!
Време е да започнете со обликување на вашето тело за да се подготвите за лето. Заоблен и цврст задник е сон на многу жени, а овие резултати се лесни за постигнување со само неколку чекори.
Не сте во право ако сметате дека треба да поминете часови во теретана за резултатите да бидат видливи. Сè што е потребно за обликување на задникот се само неколку лесни вежби.
Ако секојднево одвоите по 10 минути за вежбање, во рок од 10 дена ќе забележите значителни промени во затегнатоста и изгледот на мускулите на задникот, а за еден месец задникот целосно ќе се трансформира. Бидејќи зајакнувањето на овие мускули вклучува активирање на мускулите на долниот дел на грбот и нозете, вежбањето го подобрува држењето на телото и здравјето воопшто.
Вежбите треба да ги правите секој ден во првите 10 дена, а потоа можете да вежбате 4 пати неделно.
Вежбите се лесни за изведување, но се многу ефикасни затоа што ја активираат вистинската група на мускули. Видеата на оваа фитнес инструкторка со причина имаат милиони прегледи.
Време е да започнете да вежбате. Во видеото во прилог, погледнете како изгледа целиот тренинг: