Кујната е едно од оние места во домот што никогаш не може да биде доволно големо.
Недостатокот на простор во кујната е голем проблем за многумина од нас, но со овој проблем дефинитивно не се соочуваат познатите дами.
И, додека ние сонуваме пространи фрижидери со ледомат, големи шпорети, дополнителни елементи и раскошен остров во кујна, кујните на познатите го имаат сето тоа и повеќе.
Криси Тејген и Џон Легенд неодамна купија нова модерна резиденција во Холивуд и ја платиле нешто повеќе од 5 милиони долари. Бидејќи Криси е голем љубител на храна и поголем период од денот поминува во кујната, таа се погрижила да има многу простор за готвење во нејзиниот нов дом.
И Селена Гомез купи нова куќа. Таа во 1989 година нејзината резиденција ја платила 4,9 милиони долари, а во неа има шест спални соби, десет бањи, простории за масажа, спортски сали и многу други простории, како и три кујни – две затворени и една надворешна.
Во галеријата погледнете ги кујните на познатите личности.