Ники Туториалс продолжува да ја срами Елен Деџенерис откривајќи го лошиот третман!

popara20 април, 20201min00
елен

Ники Туториалс неодамна отворено зборувала за нејзиното искуство кога била во шоуто на Елен. Познатата водителка е ставена на оган заради многу причини, а Ники открива зошто Елен не е вистина таква каква што се прикажува на ТВ.

За време на нејзиното гостување во шоуто, Ники открива дека не добила пријателско здраво од никој, дури ни од Елен. Таа исто така кажала дека комичарката била непристојна.

“Наречете ме наивна, но некако очекував да бидам дочекана со конфети. Но наместо тоа бев дочекана од еден лут вработен кој изгледа беше изморен од прекумерна работа. Очекував Дизни шоу, но добив мрачни Телетабиси. Не ми беше дозволено да го користам најблискиот тоалет бидејќи тој беше резервиран за Jonas Brothers. Си помислив, зошто мораат да добијат приватен тоалет?”

Иако вели дека генерално била среќна од искуството, Туториалс открива дека сакала да ја запознае Адел, но по овој инцидент таа смета дека изреката “никогаш не ги запознавај идолите” е точна.

Ова доаѓа откако Елен се соочува со реакцијата за споредувањето на нејзината куќа со затвор додека е под карантин.

За да бидат работите полоши, излезе шокантна изјава дека нејзините вработени ги обвинуваат нивните шефови за малите плати. Нејзината екипа е под стрес заради третманот од топ продуцентите, земајќи го предвид и фактот дека не постои никаков пишан документ за статусот на работните часови, платата или грижа за нивното ментално или физичко здравје.

Многумина биле заслепени од изданијата “Елен од дома” без вработените да си го знаат нивниот статус за работа бидејќи за овие емисии била ангажирана комплетно нова екипа.

Навредените работници биле конечно информирани дека треба да бидат подготвени за редуцирање на платата до 60%.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag